Вчера (25.07.2024) во периодот од 18.00 до 00.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата. При тоа едно лице било лишено од слобода по член 237 од Кривичниот законик, а била спроведена и сообраќајна контрола, санкционирани биле 13 возачи, 10 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“…
Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.