More

    Стотици австралиски новинари штрајкуваат

    spot_img

    Стотици австралиски новинари започнаа петдневен штрајк додека продолжуваат преговорите за плата со компанијата која ги вработува.

    Во штрајкот се вклучени неколку големи австралиски весници како Sydney Morning Herald, The Age и Australian Financial Review, кои се дел од групата Nine Entertainment.

    Штрајкот започна откако раководството на компанијата Nine Entertainment претстави план кој предвидува укинување на 90 работни места во групата.

    Стотици новинари ги напуштија редакциите на неколку весници во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт.

    „Австралиската јавност смета на овие новинари да ги информираат, да бараат одговорност од властите, да ја откријат корупцијата, но тие не можат да го сторат тоа без сигурни работни места“, рече претставникот на синдикатот Мишел Ре.

    „Неприфатливо е компанијата да бара од вработените да избираат помеѓу скромно зголемување на платите и евентуални нови кратења на работни места“, додаде таа.

    Како и насекаде во светот, падот на продажбата на хартиени весници и ширењето на социјалните мрежи предизвика бранови на кратења на работни места во австралиските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img