More

    Остри критики на социјалните мрежи за најопасна атракција на Медитеранот

    spot_img

    Грчкиот остров Скијатос е вистински рај за туристите, сместен во синото Егејско Море. Скијатос нуди сонце, песок и опуштено лежење на плажите пред шарените куќи за посетителите кои бараат одмор. Но, еден вид потенцијално опасна авантура ги привлекува луѓето на тој остров.

    На работ на тамошниот аеродром, група туристи секојдневно се собираат за да видат со свои очи и да почувствуваат со своја кожа како е кога патнички авион ќе ви прелета над глава. Причина за тоа е кратката писта, која се наоѓа практично на работ на морето, поради што пилотите мора внимателно да го темпираат слетувањето. Истото важи и за полетувањето на авионот.

    Дека ова не е премногу паметна идеја се покажува секој пат кога моќните млазни мотори го разнесуваат блискиот песок и чакал, а често и ги соборува на земја. Во јули 2022 година, туристка претрпе тешки повреди на мозокот кога издувните гасови на моторот ја соборија на земја. А како сето тоа изгледа „во живо“ погледнете во видеото:

     

     

    На социјалните мрежи сега се прошири видео на кое се гледа како група туристи на кратко чекаат авионот да полета, а кога тоа ќе се случи, тие ги фаќа паника и се расфрлаат на сите страни. Зошто некој би помислил на таква глупост е тешко да се заклучи, па не е чудно што луѓето во коментарите под видеото ги опишуваат овие туристи како „целосни идиоти“.

    Писта на Скијатос

    Аеродромската писта на островот Скијатос е една од најтесните и најкратките во Европа (нешто повеќе од 1.600 метри), поради што авиокомпаниите обично им ја доверуваат оваа работа на искусни пилоти кои ги упатуваат на дополнителна обука и авиони поголеми од Боинг 757-200.

    Доколку имате среќа да дојдете на Скијатос со авион, многу е можно во одреден момент да ви се чини дека авионот нема да закочи навреме и дека ќе излетате во морето. Оваа оптичка илузија се должи на надолнината на која се наоѓа пистата, поради што на патниците им изгледа уште пократка отколку што всушност е.

    Авионите се приближуваат до пистата од западната страна и ја прелетуваат улицата што минува веднаш до оградата на аеродромот. Затоа, полетувањата и слетувањата се вистинска атракција на островот, а луѓето секојдневно се собираат покрај оградата и гледаат како авионите летаат над нив.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img