More

    Во Белгија се уапсени седум лица кои подготвувале терористички напад

    spot_img

    Белгиската полиција денеска уапси седум лица кои се осомничени за подготовка на терористички напад, соопшти федералното обвинителство. Засега нема докази за некаква поврзаност со Олимписките игри во Париз

    Во рамките на големата операција, белгиските полицајци извршија рации низ целата земја, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Портпаролот на обвинителството рече дека засега нема докази за каква било поврзаност со Олимписките игри во Париз, кои официјално ќе бидат отворени во петок, и затоа церемонијата на отворањето ќе се одржи под исклучителни безбедносни мерки.

    „Во оваа фаза немаме никакви детали за локацијата или целта, но наодите укажуваат дека се подготвувал напад“, изјави Арно д’Оултремон, портпарол на белгиското државно обвинителство.
    Сите инволвирани се осомничени за учество во активности на терористичка група, финансирање тероризам и подготвување терористички напад“, напиша обвинителството.

    На барање на федералното обвинителство, белгиската полиција извршила четиринаесет рации, меѓу другите во Брисел, Антверпен, Лиеж и Гент, пренесува Франс прес. Обвинителството најави дека засега нема да соопштува други информации.

    Во летото 2016 година, Белгија беше потресена од самоубиствени бомбашки напади на аеродромот и во метрото, во кои загинаа 32 лица, а неколку стотици беа ранети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img