Бизнисмените побараа Мицкоски да го комплетира тимот со искусни економисти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не сакаме да играме во шеста лига, сакаме во прва, му порачаа бизнисмените денеска на премиерот Христијан Мицкоски. Тие побараа и Владата да го комплетира тимот со искусни економисти.

– Со Владата сакаме да ја направиме најголемата инвестиција, а потенцијал имаме – истакна сопственикот на ИГМ – Кавадарци, Илија Гечев.

Премиерот Мицкоски кој ги ислуша барањата и сугестиите на компаниите, рече дека транспарентноста и отчетноста ќе и бидат приоритет на Владата.

Наскоро, напомена тој, преку интернет страница граѓаните ќе можат да гледаат како и за што се трошат парите и на национално и на локално ниво.

– Имаме намера да бидеме ваш партнер и да помагаме. Сакам да ве уверам во тоа. Чуда се невозможни, но тоа што може, ќе го направиме во рамки на Уставот и законите. Наш интерес е домашната економија да се развива – потенцира Мицкоски и ги повика компаниите да аплицираат за 250-те милиони евра, обезбедени од Унгарија.

Мицкоски денеска од Комората, која одбележува 102 години постоење, доби награда за соработка и посветеност.

На настанот, покрај бизнисмени – членови на Комората, се и министрите за финансии, за енергетика, за транспорт и врски и за јавна администрација.

Share This Article