More

    Средба Муртезани – Телатин

    spot_img

    Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со Микела Телатин, директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги – УНОПС.

    На состанокот се разговараше за проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а имплементиран од УНОПС Скопје. Главната цел на проектот е ефикасен и ефективен процес на пристапување на земјата во Европската Унија, давајќи директна помош при подготовка на националната верзија на acquis, надградба на НПАА платформата, техничка помош за усогласување на законодавството со правото на ЕУ и јакнење на административните капацитети со ангажман на национални и меѓународни експерти за МЕП и за други институции (МЖСПП, МО, МП, МОН, Собрание и други).

    Муртезани се заблагодари за континуираната поддршка и посветеноста на Канцеларијата на УНОПС во Скопје, за зајакнување на капацитетите на Министерството за европски прашања (МЕП) во контекст на евроинтегративниот процес и барањата кои произлегуваат од него. Тој нагласи дека проектната и финансиската помош е од круцијално значење за остварување на целите од реформската агенда на нашиот европски пат.

    Телатин и Муртезани се согласија дека партнерството меѓу МЕП и УНОПС е одличен пример за посветеноста, блиската комуникација и соработката при имплементирање на проекти исклучително значајни за европската иднина на земјата и регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img