Премиерот Христијан Мицкоски го оцени сработеното од неговата влада во првите 30 дена:
1. Инвестиција вредна 500 милиони долари влегува во Македонија. Изградба на најголемиот парк во државата и регионот од 55 ветерници – 630 работни места;
2. Нова инвестиција од 20 милиони евра и нови 110 работни места;
3. Над 55 инвестициски милиони евра и отворање на 100 нови работни места во ТИРЗ зоната;
4. Воспоставување на специјална економска соработка со Унгарија;
5. 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите;
6. 250 милиони евра за општините во Македонија.
Промовирање на мир, стабилност и владеење на меѓународното право. Работа, посветеност и енергија за секој еден човек!
Неговиот статус на Фејсбук завршува со слоганот „Македонија се сака со дела!“, а објавено е и промотивно видео:
Опозицискиот СДСМ ја нападна Владата со соопштение под наслов „30 дена на Мицкоски, 30 лоши политики“.
Меѓу другото, СДСМ оценува дека владата го прекинала растор на платите, направило 4 нови министерства „за вдомување партиски кадри“, отворило проблем со Грција и ја блокирало земјата, скришно го користела името Северна Македонија, не обезбедила 5.000 денари за пензионерите, толерирала масовен раст на криминалот по улиците и слично.