Се известуваат сите роднини, пријатели и колеги, дека доцна вчера попладне, почина Анета Ѓошевска.
Анета Ѓошевска е родена во Скопје, во 1978 година.
Средно образование заврши во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а студираше на Правниот факултет во Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија.
Ќе остане запаметена меѓу најблиските, кај колегите и пријателите по вродената харизма за шега, ведриот и колегијален дух и професионалноста.
Посмрните останки ќе бидат изложени денеска во 12.30 во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот ќе биде извршен во 13.30 часот на гробиштата во Бутел.