More

    Кулеба за време на посетата на Кина изјави дека неговата земја ќе разговара со Русија само кога ќе биде подготвена да го стори тоа „со добра волја“

    spot_img

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска за време на посетата на Кина изјави дека неговата земја ќе разговара со Русија само кога ќе биде подготвена да го стори тоа „со добра волја“.

    „Кулеба за време на средбата со неговиот кинески колега Ванг Ји го повторил ставот на Украина дека е подготвена да преговара со руската страна, но само кога Русија ќе биде подготвена да преговара со добра волја“ – соопшти украинското МНР, додавајќи дека во моментов руската страна не е подготвена да го направи тоа.

    Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, во одговор на прашање за средбата на министрите Ванг Ји и Дмитри Кулеба утринава во Гуангжу, јужна Кина, рече дека тие „размениле мислења за конфликтот“.

    – Ванг Ји нагласи дека кризата во Украина влезе во третата година, дека конфликтот продолжува и постои ризик од ескалација и прелевање. Кина оценува дека решението на сите конфликти мора на крајот да помине на преговарачка маса – истакна Мао Нинг.

    Посетата на Кулеба на Кина оваа недела е прва посета на висок украински функционер на тоа ниво од почетокот на руската инвазија на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img