More

    Активни се 7 пожари, повредени неколку пожарникари, информираше Ангелов

    spot_img

    Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов по состанокот извести со колку пожари во моментов се борат пожарникарите и претставници на сите служби, како и за други прашања.

    – Утрово се активни седум пожари, ангажирани се сите ресурси и засега нема потреба од странска помош. Успешно се справуваме со актуелните пожари, за денеска се најавуваат и врнежи кои, ако паднат, ќе ја стабилизраат состојбата, но ние активно гаснеме во текот на денот, не чекаме да заврне, па ако пожарите почнат повторно да диеват, а ресурсите не се доволни, има начин како многу брзо да пристигне помош од странство – рече директорот на Центарот за управување со кризи – Стојанче Ангелов.

    Ангелов на прес-конференција информира дека досега се повредени неколку пожарникари. Еден пожарникар и еден жител на населено место здобиле изгореници при гаснење пожар, завчера командир на Штипската противпожарна единица ги скршил двете раце паѓајќи во провалија, а со него паднал и пожарниакр кој ја скришл едната рака, додека ден претходно пожарникар доброволец за гаснење на планината Серта ја скршил раката, паѓајќи од квадрицикл.

    Според Ангелов, вчера на територијата на државата биле регистрирани вкупно 27 пожари, на отворено и шумски.

    – Од овие пожари, седум се утрово активни, изгаснати се 16, а четири се ставени под целосна контрола. Пожарот во Општина Македонски Брод е засега најкритичен, а се движи кон ловиштетот „Јасен“, селата Брезница и Тажево. Таму е веќе еупатен полициски хеликоптер кој почна со гаснење, а набрзо треба да пристигнат и два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување. На некои од овие места гори и борова шума. Активен е и пожарот во Општина Пласница, во месноста Стрмол, каде гори мешана шума, во Долнени, во атарот на село Небрегово каде утрово е повеќе забележано чадење отколку горење. На територијата на Долнени има пожар и во атарот на село Гостиржани кој е префрлен од атарот на село Богоила, Општина Чашка, пожар има и во селата Мокрени и Габровник каде гори мешана шума и ниска вегетација, кај село Ореше кој е крак од пожарот во Гостиржани, нов пожар што пона вчера попладне, има и кај село Беловиште, Гостиварско, а зафати мешана шума. И тој е нов пожар – рече директорот.

    Тој напомена дека повеќето од поажрите се на тешко пристапен или непристапен терен поради што, и да се однесат повеќе пожарникари или војници и полицајци, тие не биле ефикасни, само би била доведена во прашање нивната безбедност.

    – Под контрола се ставени и пожарите на Серта, нема активно горење, но ситуацијата будно се следи. Немаме потреба од странска помош, земјава има доволно домашни ресурси. Пожарите зафаќаат голема терторија, се работи со силна динамика, очекувани се повреди, иако многу внимаваме на тоа, а најмногу внимаваме на безбедноста на гасначите и населението – подвлече Ангелов.

    Штетата од пожарите, истакна, дополнително ќе биде утврдена од Национални шуми или од МЗШВ.

    – Според мојата лична перцепција, на планината Серта најголем дел или преку 90 отсто, се изгорени трева, грмушки, трње, нискостеблести растенија и борови покрај патот. Економската штета можеби не е голема, таа е поголема во однос на ресурсите, но еколошката штета е голема, изгоре голем дел растенија чиј коренов систем ја одржува почвата па сега, при врнежи, може да дојде до ерозија – истакна Ангелов.

    Во врска со состанокот Ангелов истакна дека на системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа.

    Како што вели, доколку се спојат ЦУК и ДЗС би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток.

    Истата би била мултифункционална – летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се заглавени на вода, планина, да вади луѓе од урнатини во случај земјотрес.

    Ангелов смета дека во ЦУК и ДЗС моментно има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни.

    – Неопходна е длабока реформа на системот за управување со кризи. Целиот систем е нефункционален. Уште пред изборите разговаравме на оваа тема. Она што можам сега да го видам кај министрите, членови на Управувачкит комиет, постои цврста волја час поскоро системот да биде трансформиран во многу пофункционален кој со истите ресурси што ги имаме сега, ќе може да гасне повеќе пожари, побрзо и поефикасно. Новиот систем во првата фаза ќе биде поевтин од посточекиот. Тука ми беа прилично врзани рацете зашто затекнав таква состојба, во делот на вработувањата имав многу мала можност да извршам корекции. Во ЦУК сега има околу 300 вработени, а во ДЗС повеќе од 300, што е преку 600 луѓе. Сметам дека со помалку луѓе би добиле нова, функционална институција и плус специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална. Таквата единица би дала сосема нова димензија зашто детектираните слабости не може поинаку да се отстранат – рече Ангелов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img