Црниот ким е природен антибиотик и антивирусен, кој нема никакво штетно дејство. Редовното консумирање на семки од црн ким ќе придонесе за зајакнување на имунолошкиот систем и со тоа ќе помогне во борбата против разни бактериски и вирусни инфекции и настинки.За да бидеме сигурни дека нема забуна, ова растение не е поврзано со кимот што го знаеме во нашата кујна и кој сакаме да го посипуваме на кифличките.
Имено, станува збор за црн ким (лат. Nigella sativa) со потекло од Југозападна Азија. Семето на ова растение се користи повеќе од 2.000 години во медицината, а може да се добие и во форма на масло.
Спас за мигрена, надуеност и инфекции
Црниот ким помага при голем број на заболувања: варење, надуеност, ослабен црн дроб, мигрена, разни воспаленија, како и габични, бактериски и вирусни инфекции, а го стимулира производството на млеко кај доилките.
Ги регулира хормоните, го зајакнува имунитетот, помага при кожни болести, ги ублажува симптомите на алергија, ги зајакнува крвните садови…
Неговите лековити својства се споменуваат и во Библијата и во Куранот, пренесува Крстарица. Исламскиот пророк Мухамед рекол: „Црниот ким ги лекува сите болести освен смртта“.