More

    Харис го нападна Трамп на првиот предизборен митинг

    spot_img

    Потпретседателката на САД, Камала Харис го опиша републиканскиот кандидат Доналд Трамп како измамник и сексуален предатор додека зборуваше на нејзиниот прв предизборен митинг во Милвоки како претседателски кандидат.

    Харис настапи пред преполниот аудиториум во средно училиште во државата Висконсин, една од клучните колебливи или т.н. „свинг“ држави, додека публиката ја пречека во бурно расположение, скандирајќи „Камала“ речиси една минута откако таа излезе на сцената.

    – Следните неколку недели ќе ги поминам продолжувајќи да ја обединувам нашата партија за да бидеме подготвени да победиме во ноември – рече Харис на митингот, само два дена откако претседателот Џо Бајден ја повлече својата кандидатура за реизбор и го поддржа својата заменичка во трката Белата куќа.

    Откако го пофали Бајден и им се заблагодари на демократите за довербата, Харис го нападна Трамп и претстави визија за тоа како ќе изгледа нејзиното претседателство.

    – Фаќав секакви измамници – рече Харис за времето кога беше обвинител и јавен обвинител во Калифорнија.

    – Фаќав измамници  кои малтретирале жени. Измамници кои ги крадеа потрошувачите. Измамници кои ги прекршиле правилата за своја корист. Затоа, слушнете ме кога велам дека ги познавам типовите како Доналд Трамп – рече Харис.

    Таа вети дека ќе се бори за средната класа и ќе работи на искоренување на сиромаштијата. Но, еден од најгласните аплаузи за поддршка дојде на темата за правата на абортусот.

    – Ќе ги запреме екстремните забрани за абортуси на Доналд Трамп затоа што веруваме дека жените треба да носат одлуки за своето тело, а не владата да им кажува што да прават – рече Камала Харис поздравена со гласни овации од толпата.

    – И кога Конгресот ќе донесе закон за враќање на репродуктивните слободи, како претседател на Соединетите Држави, јас ќе го потпишам како закон – рече Харис.

    – Во оваа кампања, ви ветувам дека со гордост ќе ги претставам моите достигнувања против неговите секој ден од неделата – рече американската потпретседателка пред илјадниците симпатизери собрани во средното училиште Вест Алис во предградието на Милвоки.

    – Дали сакаме да живееме во земја на слобода, сочувство и владеење на правото или земја на хаос, страв и омраза? – праша таа.

    Харис води пред Трамп со 44 наспроти 42% меѓу регистрираните гласачи во најновата национална анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена во понеделникот и вторникот, откако Бајден во неделата се откажа од трката за Белата куќа и ја поддржа Харис за негов наследник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img