More

    Камала Харис ќе го бојкотира настапот на Нетанјаху во американскиот Конгрес

    spot_img

    Потпретседателката Камала Харис, кандидат за претседател на САД по повлекувањето на Џо Бајден од претседателската трка, нема да присуствува на заедничкото обраќање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Конгресот, што се очекува денеска.

    Потпретседателката вообичаено претседава со заедничките обраќања. Но, Харис денеска ќе биде во Индијанаполис на нејзината претседателска кампања, која ја започна во неделата откако претседателот Џо Бајден драматично се откажа од својата кандидатура за реизбор и ја поддржа во трката против поранешниот претседател Доналд Трамп.

    Камала, сепак, ќе се сретне со Нетанјаху

    Сепак, се очекува Камала да се сретне одделно со Нетанјаху за време на неговата посета.

    Бојкотот на голем број демократи на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред американскиот Конгрес ќе го нагласи длабокото незадоволство кај некои во партијата од тоа како тој ја води војната против Хамас, објави „Њујорк тајмс“.

    Се очекува тензиите да бидат толку високи што претседателот на претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се закани дека ќе биде уапсен секој кој ќе предизвика неред во салата или во галеријата за гости.

    Посетата на Нетанјаху ќе го нагласи јазот во Конгресот, особено меѓу демократите, во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас во време кога партијата се обидува да се собере околу Камала Харис, која се појавува како демократски претседателски кандидат, наведува „Њујорк тајмс“.

    Израелецот доаѓа по засилена поддршка од САД

    Посетата на Нетанјаху доаѓа во момент кога тој се обидува да ги зајакне односите на Израел со неговиот најблизок сојузник, бидејќи се соочува со зголемен притисок врз него да постигне договор за прекин на огнот, што ќе стави крај на борбите во Газа, каде што, според палестинските здравствени власти,повеќе од 39.000 луѓе се убиени во израелската офанзива во енклавата по нападите на Хамас на 7 октомври.

    Во понеделникот, Нетанјаху рече дека без разлика кој и да биде избран за претседател на САД во ноември, Израел ќе остане „незаменлив и силен сојузник на Америка на Блискиот Исток“. Тој рече дека планира да се сретне со Бајден, кој се опоравува од ковид, за да му се заблагодари „за работите што ги направи за Израел во војната“.

    По повлекувањето, на Бајден му се заблагодарија повеќе израелските политичари и лидери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, претседателот Исак Херцог и опозицискиот пратеник Јаир Лапид, што ја симболизира неговата цврста поддршка за Израел во текот на неговата политичка кариера.

    Камала го поддржа Бајден, но веќе не е истата

    Камала Харис, исто така, вети поддршка за Израел, како пред, така и по нападите на Хамас на 7 октомври. Во 2017 година, таа зборуваше на годишната конференција за израелската лоби група АИПАК, велејќи дека цврсто ќе застане со Израел, ветувајќи дека ќе го поддржи правото на Израел на самоодбрана и воена соработка меѓу двете земји.

    Од почетокот на израелската војна против Газа, Харис не отстапи од ставовите и го поддржуваше Бајден. Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција претходно во 2024 година, Харис ја потврди посветеноста на САД за безбедноста на Израел, неговото право на самоодбрана и повика на итно ослободување на израелските заложници кои ги држеше Хамас во Газа.

    Меѓутоа, во контекст на бројот на загинати во Газа, кој сега изнесува 39.006 убиени Палестинци и уште 89.818 ранети, Харис посочи дека „Израел мора да стори повеќе за да ги заштити невините цивили“ во Газа.

    Операцијата во Рафах ја прели чашата на незадоволството

    Покрај критиките за високиот број на загинати, таа јавно го критикуваше Израел и за многу други прашања. Таа го повика Израел да направи повеќе за да ја запре хуманитарната катастрофа предизвикана од нападот врз Газа и предупреди на операцијата во Рафах.

    „Ние бевме јасни во повеќе разговори и на сите начини дека секоја голема операција во Рафах би била голема грешка“, рече таа во март.

    Камала Харис, исто така, му рекла на израелскиот претседател Исак Херцог дека израелските доселеници на окупираниот Западен Брег треба да одговараат за насилството, кое нагло се зголемило од октомври и го предизвикало Вашингтон да воведе санкции врз доселениците и доселеничките организации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img