Латино дивата Џенифер Лопез донираше 4,5 милиони долари за обезбедување оброци и медицинска помош на Палестинците.
Нејзината донација има за цел да одговори на итните потреби на оние кои се погодени од тековните конфликти и тешкотии во регионот.
Лопез паричните средства ги насочила кон организациите на терен кои обезбедуваат прва помош на сите погодени од војната во појасот Газа, кој немилосрдно е бомбардиран од израелската армија. Донацијата ќе помогне во снабдувањето оброци за семејствата и поединците кои се соочуваат со недостиг на храна, но и за медицинските установи кои се борат да обезбедат соодветна здравствена заштита поради ограничените ресурси.
Џенифер ја изрази својата посветеност и поддршка за глобалните хуманитарни напори.
– Ситуацијата во Палестина длабоко ме трогна и се почувствував принудена да направам сè што можам за да им помогнам на оние на кои им е очајно потребна помош. Обезбедувањето храна и медицинска помош е од суштинско значење и се надевам дека овој придонес ќе направи значителна разлика – изјави американската пејачка и актерка, а пренесуваат светските медиуми.
Меѓутоа, многу луѓе овој нејзин гест не го гледаат како нејзин гест на добрина и хуманост, туку брутално ја осудија и нападнаа.
Како што веста се рашири на социјалните мрежи, многу луѓе, главно Американци кои го поддржуваат израелското бомбардирање на Палестина, ја осудија пејачката.
„Тие пари ќе одат за терористите на Хамас, а не за ранливото население“, „Зошто не им ги даде тие пари на Американците?!“, „Мислам дека тоа што таа го прави не е легитимно“, „Не ја сакам, а сега уште помалку кога слушнав за нејзината донација“, се само дел од коментарите на луѓето од социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.