More

    Уште една поп-ѕвезда ќе настапи, сè се држи во тајност

    spot_img

    Поп дивата Селин Дион треба да настапи на отворањето на Олимписките игри во Париз, пишува „Вариети“.

    Славната пејачка во понеделникот пристигна во хотелот „Ројал Монсо“ во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Леди Гага, уште една потенцијална пејачка на свеченото отворање. Деталите за настапите на отворањето на Олимписките игри се чуваат во тајност.

    Ниту Дион ниту Леди Гага не ги потврдија шпекулациите. Селин претходно навести дека нејзиното враќање на сцената би можело да биде во Франција.

    – Избрав да работам со целото мое тело и душа, од глава до пети, со мојот медицински тим. Сакам да бидам најдобро што можам. Целта ми е повторно да ја видам Ајфеловата кула – изјави таа за француското издание на „Вог“ во април.

    – Четири години си велам дека не се враќам, па потоа дека сум подготвена, па не сум подготвена… Како што стојат работите, не можам да кажам дека ќе се вратам за четири месеци. Не знам… Моето тело ќе каже“, додаде славната пејачка.

    Ако Селин ги отвори Олимписките игри, тоа ќе биде прв настап на поп-дивата откако престана со турнеи и избегнуваше јавни настапи поради дијагнозата синдром на вкочанета личност.

    Селин веќе настапи на Олимписките игри во Атланта во 1996 година кога ја испеа „The Power of Dream“. Церемонијата ја следеа 3,5 милијарди луѓе низ светот. На Французите Леди Гага им е блиска, бидејќи во филмот „Ѕвездата е родена“ ја отпеа песната „La Vie en Rose“ од познатата француска пејачка Едит Пјаф. Сега се зборува дека таа го вежба настапот за церемонијата на отворањето на Олимпијадата.

    Инаку, за првпат во историјата свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи надвор од стадионот, поточно покрај реката Сена, која тече низ Париз. Наутичкото шоу ќе го придружуваат 85 бродови на кои ќе се наоѓаат спортистите од секоја земја. Врвот на церемонијата ќе биде во Ајфеловата кула. Церемонијата ќе се искористи за прикажување на најголемите париски знаменитости и ќе собере 3.500 танчари, актери и музичари.

    Автор на церемонијата е театарскиот режисер Тома Џоли, познат по својот рок мјузикл „Starmania“. Во интервју за „Асошиетед прес“, тој не сакаше да зборува за познатите изведувачи кои треба да настапат на отворањето на Олимписките игри.

    – Сè што можам да ви кажам е дека постои причина зошто одредени уметници ќе настапат – кратко рекол Тома Џоли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img