Неда Украден (73) на Инстаграм објави фотографија во костим за капење, а пејачката во Бока которска ја фотографирала нејзината внука.
„Без филтри, без ефекти! Само сонце, море и понта! Најдобро ме фотографира мојата внука“, напишала во описот на објавата со која ги воодушевила своите обожаватели.
„Изгледате одлично. Вистинска дама – секогаш насмеана, весела и позитивна“, „Најубава си, не ти требаат никакви филтри“, „Дама“, „Дива“, „Секоја чест за изгледот“, се некои од коментарите под фотографијата.
Пејачката неодамна проговори за својот изглед. Таа вели дека е поборник за природниот изглед.
„Јас сум некој којшто е поборник за природна убавина во смисла да го истакнеш она што ти е убаво, не биди роб на некои правила по секоја цена, бидејќи сега постои море од истите ликови, море од идентична убавина“, изјавила Неда за „Пинк“. „Не одам на секои шест месеци некој да ме затегнува, користам неинвазивни методи“, додала пејачката.
Таа претходно изјави дека никогаш не ставила силикони.
– Немам ниту грам силикон во мене. Постои кралски пилинг и третман кој го практикувам со години, на секои шест месеци. Ми се чини дека тој ми одговара и дека резултатот е видлив. Господ ми дал ваква градба и вакво лице. Кога само ќе се сетам колку плачев поради тоа кога бев помлада, а сега сум пресреќна – рекла пејачката пред неколку години.
Таа вели дека го сака своето лице и дека не морала ништо да коригира.
– Постојано и се жалев на мајка ми зошто ми поради заоблени образи наместо да бидам долгнавеста и слаба. Сега ми е мило што имам такви јаболчници и такво лице, па не морав ништо да пумпам ниту да коригирам. Исто така, и понатаму секое утрео правам вежби и водам сметка за своето тело, а не само за лицето – нагласила таа тогаш.
ФОТО: Инстаграм