More

    Настрадале гаснејќи го огнот кај старата штипска депонија

    spot_img

    Двајца штипски пожарникари се повредени при вчерашното гаснење на пожарот кај старата штипска депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, информираа од Општина Штип.

    МИА претходно информираше дека командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов е повреден при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите. Ренџов при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

    Заедно со него, синоќа е хоспитализиран уште еден штипски пожарникар, кој бил заедно со командирот на ТППЕ-Штип при гаснењето на пожарот. Двајцата додека го гаселе огнот паднале во дол, при падот Ренџов се здобил со скршеници на двете раце, а пожарникарот има скршеница на едната рака.

    Во штипска Клиничка болница се хоспитализирани синоќа околу 20.30 часот, а командирот на ТППЕ-Штип е задржан на болничко лекување, откако претходно бил опериран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img