Секогаш пријатен и конструктивен разговор со мојот драг колега, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објавата на социјалната мрежа X.
Таа додаде дека „размената на искуства и мислења се драгоцени“.
„Разговаравме за можностите за идна соработка посветена на обука на млади лидери, како и за проекти поврзани со културна дипломатија“, вели Сиљановска Давкова во објавата.