Фудбалерите на украинскиот гигант Динамо Киев вечерва во полскиот град Лублин ќе го пречека белградски Партизан во склоп на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, меч кој е во фокусот на светската јавност поради – мешањето на политиката.
Тренерот на киевскиот тим, Олександар Шовковски, ги критикуваше црно-белите за тоа што летово настапија на турнир во Москва, главниот град на државата која го нападна неговиот народ.
Тој на синоќешната прес-конференција изјави дека неговиот клуб не се одвојува од својот народ и дека заминувањето на Партизан во Русија е знак на солидарност со окупаторите и убијците на украинскиот народ.
Поради тоа, неговите фудбалерите нема да се поздрават со противничките играчите пред натпреварот.
Дали УЕФА ќе го санкционира ваквиот потег на Украинците кој се коси со „фер плеј“ играта, останува да видиме.