Првиот хуманоиден робот во регионот е изработен во Охрид

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Охрид е изработен првиот робот – хуманоид во регионот. Роботот ги инкорпорира сите функции на груба и на фина роботика, лесно да учи од однесувањето на човекот и да се надградува и усовршува во професионален контекст.

Тоа ќе биде првиот робот во земјава кој што ќе биде ставен во оператива за да работи во одреден сектор, а може да најде примена во угостителскиот сектор.

– Сигурно ќе најде примена во многу области, првин туризмот и угостителството, знаеме дека човештвото надмина 8 милјарди луѓе светска популација и туризмот е една од гранките во експоненцијален раст со тоа што тргнувајќи од дома, па и во другите држави, се соочуваме со недостиг на кадар, така што роботите се конципирани да го заменат човекот во тие физички и репетитивни активности за да можат евентуално да ни остават повеќе слободно време за себе – вели професорот Анис Сефиданис од УИНТ „Св. Апостол Павле“, Охрид.

 

По паметниот споменик на Прличев, неодамна беше создаден втор споменик, наречен виртуелен патник на иднината, во форма на астронаут со природни димензии на човек, кој е ставен во стаклена призма и носи предвидувања односно предупредувања од иднината.

– Всушност станува збор за триметарски тотем, ова е уште еден производ во линијата на иновации во областа на дигиталната хуманост, првиот беше виртуелен Прличев, сега имаме еден универзален лик кој може да достигне до поширока публика, но со сити цели од локалното кон глобалното. Покрај дигиталната хуманост, има примена во образованието, веќе е поставен во УИНТ „Свети Апостол Павле“, а студентите имаат можност да бидат во интеракција со него за да учат на различни теми. На лик интеракција со ChatGPT. Може да му се обратите на било кој било јазик и ќе ви одговори на истиот тој јазик – појаснува Сефиданис.

Првиот македонски хуманоид робот ќе биде промовиран за празникот Илинден, а по промоцијата може да служи кафе или да подготвува јадење.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article