Опериран е командирот на штипската противпожарна служба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) – Штип, Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Првиот човек на штипските пожарникари во штипска Клиничка болница е хоспитализиран синоќа околу 20.30 часот и е задржан на болничко лекување, откако претходно бил опериран.

Пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснел пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации. 

Share This Article