More

    Џиновската слика на стадионот во Нигерија стана сензација

    spot_img

    Нигерискиот уметник Фола Давид има за цел да го собори Гинисовиот рекорд за најголем цртеж или слика од поединец. За таа цел, тој 6 дена работел на неговото уметничко дело на фудбалски стадион во Лагос.

    Давид е и лекар. Неговото дело насловено „Единство во различноста“, коешто се протега на 1.050 метри квадратни, прикажува 2 огромни раце кои држат мапа на Нигерија. Тоа треба да ги претстави културното наследство на земјата и заедништвото.

    Нигерија, најнаселената земја во Африка, е составена од околу 250 етнички групи, главно поделени на муслимани и на христијани, со чести меѓуетнички тензии.

    – На нашата различност треба да се гледа како на нешто што нè обединува, нешто што нè зајакнува, а не нешто што треба да создава поделби меѓу нас – рече Давид по завршувањето на своето дело во неделата навечер.

    Уредувачите на Гинисовата книга на рекорди се известени и ќе треба да го проверат неговиот труд. Претходниот рекорд е поставен од индискиот уметник Рави Сони во 2021 година со неговата слика од 629,98 метри квадратни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img