More

    Пан Ксијаотинг, 24-годишна кинеска инфлуенсерка, починала среде емитување како последица од прејадување

    spot_img

    Пан Ксијаотинг, 24-годишна кинеска инфлуенсерка, починала среде емитување како последица од прејадување, потврди порталот „Синг Тоа дејли“, па објави и дека при обдукцијата била пронајдена голема количина на несварена храна и дека била утврдена и деформација на абдоменот и желудникот.

    Ксијаотинг со години се занимавала со таканаречениот мукбанг (јадење храна пред публика која тоа парично го наградува), а во овој бизнис се впуштила откако видела колку на таквите преноси во живо заработувала нејзината школска другарка.

    Најпрво јадела сама пред камерите со малку гледачи, но како што одминувало времето, добивала сè повеќе внимание и се препуштала на сè поекстремни предизвици.

    Во една прилика, пишуваат медиумите, изела повеќе од 10 килограми храна пред публика (можела да јаде и по десетина часови), а од тој начин на живот не сакала да се откаже ниту кога била хоспитализирана поради  крвавење во желудникот.

    Пред смртта тежела околу 300 килограми.

    Нејзините родители постојано ја молеле да престане со мукбангот, но залудно.

    Смртта на инфлуенсерката предизвика загриженост на социјалните мрежи. Многумина се против потребата да се спроведуваат такви предизвици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img