Мицкоски најави ад хок тело што ќе испитува како се поделени 100 милиони евра без критериуми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
На следната владина седница ќе се формира ад хок тело во кое ќе се испитуваат како претходната влада поделила 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компаниите во време на ковид кризата. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто во Топ Тема на Телма.

– Знаете ли колку пари се потрошени по основ поддршка на компаниите, онаа владина помош? Знаете ли колку пари се потрошени, зборувам за онаа инвестиција жестоко најавувана поддршка на македонското стопанство, закон се носеше итн. 100 милиони евра се потрошени. Но, дали некој знае за што се потрошени овие пари? Бидејќи во законот секој може да конкурира, дури вели во законот и оние правни лица кои што не ги исполнуваат условите согласно овој закон. Дали некој знае и направил проверка за што се потрошени овие 100 милиони евра? – праша премиерот Мицкоски.

Мицкоски најави дека во среда на владина седница ќе се формира ад хок тело кое ќе испита како се поделиле овие 100 милиони евра, нагласувајќи дека според законот и правилникот  стои обврска дека треба да има формирано тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства.

– Сега ќе формираме ад хок тело на оваа седница во среда која што ќе ја имаме, а согласно законот стои обврска да се формира тело кое што ќе следи како се трошат парите и за што се трошат. Но, никој не го формирал тоа тело, ниту пак го создал правилникот којшто согласно законот морале да го создадат –  дециден е премиерот.

Share This Article