Дваесет и осумгодишна девојка од Белград е во тешка состојба во Ургентниот центар по несекојдневната несреќа што се случила вчера во населбата Врачар.
Како што објавија српските медиуми, девојката се движела по улицата Велимир Бата Живојиновиќ кога во неа удрил автомобил „фолксваген поло“ во кој немало возач.
Според очевидци, автомобилот буквално го прегазил нејзиното тело и продолжил по својот пат.
Автомобилот потоа удрил во две други возила.
На девојката ѝ биле констатирани тешки повреди на главата и р’бетот. Нејзината состојба сѐ уште е сериозна.
Неофицијално, возачот на „фолксвагенот“ го паркирал автомобилот и влегол во зградата, но не ја притиснал рачната сопирачка, поради што возилото почнало да се движи. За случајот известени се полицијата и обвинителството.