Пет лица се мртви по масакрот во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар во Хрватска.
Како што пренесува Јутарњи, маж влегол во домот и почнал да пука во луѓето.
Хрватските медиоуми известуваат дека напаѓачот е роден 1973 година и веројатно учествувал во војната во 1990-тите како воен полицаец.
Со пиштол упаднал во Домот, ја убил мајка си, а застрелал и неколку штитеници и вработени во домот.
Пет лица загинаа на лице место, а на некои се уште им се пружа лекарска помош.
Директорот на Институтот за итна медицина, Ненад Мрзлечки, за хрватскиот Мој портал изјавил дека кога на местото на злосторството пристигнале вработените во Итната помош Дарувар, пронашле 4 мртви и 4 ранети лица кои веднаш биле пренесени во болници.
Убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во кафуле.