More

    Претставници на Народната банка го пренесоа искуството од билатералната фаза на аналитички преглед на законодавството со ЕУ на состанок со Народната банка на Украина

    spot_img

    Претставници на Народната банка учествуваа на виртуелен состанок за техничка соработка насловен „Улогата на централната банка во процесот на преговори за членство во ЕУ“, инициран од страна на Народната банка на Украина и организиран од страна на Народната банка на Хрватска, заради споделување на знаењата и искуствата за поддршка на Народната банка на Украина во процесот на пристапување во ЕУ. Во овие рамки, претставниците на Народната банка ги запознаа претставниците на Народната банка на Украина со неодамнешното искуство од билатералната фаза на аналитички преглед.

    Претставниците на Народната банка имаа свои излагања за подготовката и начинот на интерна организација за билатералната фаза, како и конкретен осврт на поглавјето 4 − слободно движење на капиталот, поглавјето 9 – финансиски услуги и поглавјето 17 − економска и монетарна политика. Билатералната фаза на аналитички преглед за нашата земја беше спроведена во текот на 2022 и 2023 година, при што Народната банка беше вклучена во дванаесет поглавја, од кои во седум поглавја имаше активно учество. Во согласност со поглавјето 4 − слободно движење на капиталот, правната рамка којашто го регулира работењето на платниот систем е значително усогласена со правото на ЕУ. Со исполнувањето на условите за пристапување во Единствената европска платежна област (СЕПА) и пристап до платежната инфраструктура на ЕУ, се очекува дека ќе се придонесе за целосна хармонизација со правото на ЕУ. Во врска со поглавјето 9 – финансиски услуги, банкарски сектор – супервизија и резолуција, Народната банка има воспоставено претпазливи, супервизорски и регулаторни аранжмани коишто се во согласност со низа оперативни, организациски и супервизорски стандарди на ЕУ. Европската комисија донесе одлука во 2021 година со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на Европската Унија. Со одлуката се потврдува дека домашната банкарска регулатива, како и начинот на вршење супервизија на банките се еквивалентни на оние што се спроведуваат во ЕУ. Во однос на поглавјето 17 − економска и монетарна политика, беше истакнато дека се оценува напредно ниво на усогласеност со регулативата на ЕУ, при што беа објаснети аспекти поврзани со независноста на централната банка, забраната за директно финансирање на јавниот сектор од страна на централните банки и забраната за привилегиран пристап на јавниот сектор до финансиските институции.

    Преку активностите за меѓусебно споделување експертиза, искуства и стекнати знаења, Народната банка ги зајакнува врските помеѓу централните банки и меѓународните институции и го подобрува патот за раст и напредок во поширокиот регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img