More

    Лауреатот Докмановиќ вели националниот интерес се брани со дела не со митинзи

    spot_img

    На универзитетскиот професор Мишо Докмановиќ денеска во Собранието му беше врачена државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година, што се доделува за особено значајни остварувања од интерес за државата во областа на науката.

    Докмановиќ е добитник на наградата за делото „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990 – 1993)“.

    Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, на доделувањето на наградата рече дека за да опстоиме, за да се спротивставиме на минливоста предложи науката да прерасне во вистински водич на иднината на земјава.

    -На Македонија денес науката и е потребна повеќе од кога било од две причини. Еднаш и засекогаш треба да се обединиме во целост околу научните факти, признаени од светската наука со кои се потврдува дека македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет се автохтони категории. Нагласувајќи дека македонскиот јазик, како впрочем и сите други јазици, не само словенските, има свој просторен и свој временски, да бидам прецизен, милениумски континуитет – нагласи Коцарев.

    Македонскиот национален супстрат, како што рече, го претставуваат Македонците кои живеат во државата Македонија, но и оние во соседството, како државјани на соседни земји, вклучувајќи ги тука и Грција и Бугарија, како и низ целиот свет.

    Според него, научно-истражувачката дејност во земјава е целосно маргинализирана, сведена под неопходниот минимум. Тој рече дека има појава на квазинаучни трудови, трудови што целосно се плагијати, купени магистерски и докторски тези…, а секторот наука, како што рече, е системски планирано и намерно уништуван од незвисноста до денес. тој додаде дека на земјава насушно и е потребна Национална стартегија за развој што ќе биде подготвена во синергија од МАНУ, универзитетите и стопанските комори, а која денешната и идните влади ќе бидат обврзани да ја имплементираат.

    Докмановиќ им се заблагодари на сите оние кои придонеле за неговото дело, семејството, рецензентите на книгата и издавачот на книгата Фондацијата „Фридрих Еберт“. Наградата им ја посвети на сите колеги и колешки од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје и на академската заедница во земјава со кои, како што рече, секојдневно се бориме за подобро образование.

    Тој порача дека државата и националниот интерес во 21 век не се бранат со митинзи, со декларации, со фејсбук статуси и транспаренти, брзоплето и неодговорно, туку со мудри и долгорочни политики со јасно пресметани цели за опстанок на земјата, со дела, а не со зборови.

    -Нашето востание одамна е кренато. Денеска се бориме да бидеме еднакви со сите европски народи – потенцира Докмановиќ.

    Мишо Докмановиќ е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Ги предава предметите историја на правото и современа македонска историја на додипломските студии и предметите Балканот и американската дипломатија, Дипломатски протокол и Историја и дипломатија на Блискиот Исток на последипломските студии. Во периодот 2007 – 2013 г. го предавал и предметот право и информатичка технологија.

    За врвните резултати во научноистражувачката дејност д-р Докмановиќ е добитник на наградата „Научник на годината“  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2013 година. Тој е најмлад добитник на оваа награда досега.

    Докмановиќ е претседател на Македонско – американската алумни асоцијација, претседател на Управниот одбор на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ. Член е на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование. Од  октомври  2017  година  проф.  д-р Докмановиќ е член на Делегацијата на Република Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (Intenational Holocaust Remebrance Alliance).

    Тој е автор и коавтор на преку 70 научни и стручни трудови, објавени во референти списанија во земјата и странство на англиски и француски јазик. Проф. Докмановиќ е автор на првиот универзитетски учебник за  американската  надворешна  политика  објавен  на  македонски  јазик -„Балканот  и американската дипломатија во XX  век“.  Член е на повеќе меѓународни здруженија вклучувајќи го Европското друштво за компаративна правна историја.

    На врачувањето на наградата „Гоце Делчев“ во Собранието присуствуваа академици, професори, пратеници…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img