More

    Кристина Сандера, партнерка на актерот и режисер Клинт Иствуд, почина на 61-годишна возраст

    spot_img

    Кристина Сандера, партнерка на актерот и режисер Клинт Иствуд, почина на 61-годишна возраст.

    Иствуд (94) ја потврди нејзината смрт во изјава за Би-би-си, велејќи: „Кристина беше прекрасна, грижлива жена и важен дел од мојот живот. Многу ќе ми недостасува“.

    Според пишувањето на медиумите, парот бил заедно 10 години.

    Причината за смртта на Кристина Сандера не е откриена.

    Иствуд претходно беше двапати во брак, прво со манекенката Маргарет Невил Џонсон, а потоа и со ТВ-водителката Дина Руиз. Тој се разведе од Руиз во 2014 година.

    Се верува дека легендарниот актер ја запознал Сандера додека работела во неговиот хотел и ресторан „Мисија ранч“ во Кармел, Калифорнија.

    Тие се трудеа да ја задржат својата врска во тајност, но беа видени заедно во многу прилики, вклучително и на црвените килими на промоциите на филмовите на Иствуд, „The Mule“ и „The 15:17 To Paris“.

    Во текот на 2016 година, тие беа снимени на проекцијата на филмот „Сали“ во Американскиот сојуз на режисери во Лос Анџелес.

    Една година претходно, тие присуствуваа на настан на кој се собираа пари за спасување на животните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img