Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска со медиумите сподели фотографии од возило на јавното претпријатие „Национални шуми“, кое е најголем потврда на негрижата на нашите раководни лица за сосотјбите во државните институции.
– Движејќи се по патот низ Серта налетав на екипа на Национални Шуми која од Демир Капија до Серта дошла со теренско возило старо 38 години – напиша Ангелов.
Фотографиите во прилог се потврда за состојбата на возилото. Деновиве, покрај пожарите кои избувнуваат на сите страни, граѓаните останаа затечени од реакцијата на вработените во Национални шуми, кои првично одбија да се вклуча во гаснење на пожарите, поради како што кажаа, недостигн на гориво, немање опрема, непримени плати и немање здравствено осгирувуање.