More

    ПОЧИНА УКРАИНСКА ПОЛИТИЧКА Напаѓач ѝ пукал во глава пред нејзината куќа, лекарите не успеале да ја спасат

    spot_img

    Украинската крајнодесничарска политичарка и поранешна пратеничка Ирина Фарион почина вечерва во болница од повреди здобиени во обид за атентат , откако попладнево непознат напаѓач ја застрелал пред куќата во која живеела, објави на Телеграм градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, пренесува Укринформ.

    – Заедницата на градот Лавов изразува искрено сочувство до семејството и сите кои ја познаваа и сакаа. Ова е многу страшно – рече градоначалникот.

    Смртта на Фарион ја потврди и Наталија Матолинец, раководител на анестезиолошката служба на Првото лекарско друштво на Лавов. Според неа, и покрај сите обиди, лекарите не успеале да го спасат животот на политичарката.

     

     

    Ирина Фарион, која е позната по нејзините контроверзни изјави за употребата на рускиот јазик во Украина, се приклучи на ултранационалистичката партија Свобода во 2005 година и беше пратеник во парламентот меѓу 2012 и 2014 година.

    Во јуни 2024 година, таа повторно стана професорка на Катедрата за украински јазик на Политехничкиот универзитет во Лавов, набргу откако беше отпуштена. Фарион предизвика бес кога на 6 ноември рече дека не може да ги нарекува украинските војници украински ако зборуваат руски.

    Скандалот околу изјавите на Фарион ескалира откако таа наводно добила порака за поддршка од Максим Хлебов, проукраински студент кој живее на окупираниот Крим. Таа го објави мејлот на своите социјални мрежи, по што доби остри критики.

    Украинската служба за безбедност (СБУ) во ноември 2023 година објави дека Фарион е под кривична истрага и за нејзините изјави за војниците кои зборуваат руски и за објавувањето на пораката од Хлебов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img