More

    Центарот за управување со кризи информира дека борбата со пожарите трае

    spot_img

    Центарот за управување со кризи информира дека борбата со пожарите трае. И покрај помошта испратена од повеќе земји, и активирањето на голем број армиски припадници, како и на воздухопловни летала, сепак, пожарите не стивнуваат.

    Согласно последните податоци на Центарот за управување со кризи, само во текот на изминатото деноноќие во Македонија биле активни дури 35 пожари на отворен простори.

    Од нив, утрово се уште гори на 12 локации.

    Четири пожари има во општина Чашка, поточно во селата Габровник и Мокрени, каде гори мешана шума и ниска вегетација. Активен пожар има и во селата Јаболчишта и Дреново – врв Лисец каде гори високостеблеста вегетација.

    Гори и во општина Росоман во селата Сирково и Мрзен Ораовец, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

    Општина Кавадарци има пожари во селото Фалиш – ниска вегетација, драч, жбун и сува трава.

    Општина Штип; помеѓу селата Драгоево и Селце, с.Пухче и с. Пиперово (ниска вегетација и грмушки)

    Општина Долнени во селото Небрегово ( нискостеблеста шума)

    Општина Велес кај Пашин мост (нискстеблеста вегетација)

    Општина Градско во селта Подлес и Чичево ( мешана шума)

    Општина Македонски Брод село Тaжево кон Брезница (борова шума)

    Општина Неготино; пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец штипско рамниште од неготинка страна е ставен под контрола.

    Општина Ново Село село Бадилен (мешана шума)

    Општина Делчево гори градска депонија Делчево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img