More

    Брачната двојка му помагала на осомничениот за убиството на полицаецот во Лозница

    spot_img

    На две локации во Србија вчера се уапсени Ивана Р. и нејзиниот сопруг Зоран Р. поради сомнение дека му помогнале на осомничениот за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ и ранувањето на неговиот колега Вјекослав В. во Лозница.

    Ивана која се претставува како инфлуенсерка на социјалните мрежи била уапсена во Младеновац, а нејзиниот сопруг полицијата го нашла во Бјелина.

    – Се сомневаат дека двајцата заеднички го договориле транспортот на осомничениот Фатон Хајризи, кој е во бегство и по него се трага поради сомнение дека го убил полицаецот Никола Крсмановиќ и го ранил колегата Вјекослав В. во Лозница – открива извор за Курир.рс.

    Приведениот  Зоран Р., има поголемо полициско досие. Тој претходно бил осуден на осум години затвор за трговија со дрога, но избегал и по него е распишана потерница. Според неофицијални информации тој имал документи на име Марко Марковиќ.

    – Ивана живее во Младеновац и има три деца. Се венчаа во 2020 година – вели изворот на Курир.

    Речиси 12.000 луѓе ја следат Ивана Р. на социјалната мрежа Инстаграм, а таа најмногу ги советува мајките како да заработат од дома. Во една објава го спомува и својот сопруг.

    Српските медиуми потсетуваат дека Зоран Р. бил уапсен во март 2019 година како мозок на криминална група од која беа запленети 1,1 тон марихуана на граничниот премин Градина.

    Како што е откриено при апсењето, тој со себе имал фалсификувани документи, а таксистот кој го возел Хајризи, по кого се трага, по апсењето изјавил дека тој му рекол да оди кај извесен Марко Марковиќ „кој има хотел во Бјелиина“.
    З.Р.(39), кој денеска во Бјелина беше уапсен под сомнение дека го организирал превозот од Прешево до Лозница за осомничениот за убиство на полицаец, како што дознава Курир, во моментот на неговото апсење, со себе имал фалсификувани документи на име Марко Марковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img