More

    Апелациониот суд со мериторна одлука, го ослободил Марјан Стаменковски од обвиненијата за кривичните дела уцена и рекет

    spot_img

    По три враќања на првостепената пресуда на Кривичниот суд во Скопје, Апелациониот суд на 17 јули, со мериторна одлука, го ослободил Марјан Стаменковски од обвиненијата за кривичните дела уцена и рекет.

    Обвинителството тврдеше дека сопственикот на порталот ДоказМ уценувал и рекетирал директор на Царина. Стаменковски се бранеше дека информациите ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои тој своевремено ги нарекуваше свои „соработници“.

    За овој дел од повеќето обвиненија, Стаменковски помина 4 месеци во притвор.

    Марјан Стаменковски беше осуден за 3 години и 1 месец затвор за повеќе кривични дела, како ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена и злоупотреба на лични податоци. Неговата одбрана тврдеше дека се направени суштествени повреди на постапката.

    Интересно е дека шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во мај 2023 година поднел кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци. Сѐ уште нема обвинение против двајцата обвинители.

    Хајрулахи во мај 2023 година поднесол известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, во тоа време Љубомир Јовески, се со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство. Како што истражува порталот Република, овие пријави останале во фиоката на државниот обвинител Љубомир Јовески, до неговото заминување од функцијата во декември 2023 година. Сега се во Обвинителството во Битола.

    Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Марјан Стаменковски од ДоказМ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и со уште една обвинителка. За Рајчев посочи соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди, односно обвинителот му испраќал информации.

    За околу една година од сега, Стаменковски целосно ќе ја отслужи затворската казна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img