More

    Светски најмоќните економии, како САД или Кина имаат и најмногу милионери во апсолутна вредност

    spot_img

    Светски најмоќните економии, како САД или Кина имаат и најмногу милионери во апсолутна вредност. Но изтражувањето на Visual Capitalist –Најбрзо растечките популации на милионери, по земја (2013-2023), покажува дека најбрз раст на бројот на милионери во светот во последните 10 години има Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако.

    Најголем пад, кога станува збор за бројот на милионери, забележа Нигерија од 45% отсто, а потоа Бразил со 28% и Русија со пад од 24% на бројот на милионери. САД и покрај тоа што се на 9 место со раст од 62%, сепак се на прво место во светот со речиси 5,5 милиони милионери.

    Според оваа истражување кое направи и ранг-листа, Виетнам, чија економија е во пораст како Кина и Индија, бележи раст  од 98% на бројот на милионери, денес има 19.400 милионери.

    Во извештајот се наведува дека Индија и Кина добија стотици илјади нови милионери во последните десет години, консолидирајќи ги своите позиции како главни играчи во глобалното богатство. Во Кина бројот на милионери порасна за 92%, па денес оваа земја има повеќе од 860.000, а Индија има пораст од 85% и има 326.000 милионери.

    Маурициус, кој е на третото место на листата на земји со најголем раст на бројот на милионери, зад Индија и Виетнам, денес има 5.100, со раст од 87 отсто. На петтото место се ОАЕ каде има 116.500 милионери со раст од 77 отсто.

    Следуваат Малта и Монако, па Сингапур.

    Ранг листата на Visual Capitalist е направена врз основа на следење на поединци со висока нето вредност (HNWI) кои поседуваат ликвидно инвестициско богатство од 1 милион американски долари или повеќе. Бројките се заокружени до најблиската стотка и ги претставуваат жителите на секоја земја до декември 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img