Денеска во раните утрински часови тим од тројца пожарникари од Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Струмица го извлече телото на 43-годишниот Д.М. кој вчера се удави во водите на Дојранското Езеро.
И од СВР Струмица потврдија дека телото е извлечено и е предадено на обдукција.
Инаку, МВР соопшти дека вчера во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што
се удавило.