More

    Николоски информира дека е пуштена плата за Пошти и Железници

    spot_img

    За вработените на Железници инфраструктура, Железници транспорт и на Пошти им е пуштена плата, информира на својот Фејсбук профил, вицепремиерот во влада и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

    „Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење. Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку“, напиша Николоски на Фејсбук.

    Претседателот на Синдикатот на машиновозачите во Железници транспорт Тони Димовски за Плусинфо вели дека пред 3 дена го добиле првиот дел од платата, а очекуваат дека до крајот на месецот ќе го добијат и вториот дел и дека последните години платите редовно ги добиваат.

    – Последниве месеци поради, намален обем на работа и помали приходи платите ги земаме во два дела. Првиот дел  во првата половина од месецот, а вториот до крајот на месецот. Пред изборите, меѓутоа платите беа исплаќани во целост и ги добивавме од 17 до 22 во месецот. можам да кажам дека последните години платите ги добиваме редовно – вели Димовски.

    Вработените во Пошти, пак, неколку пати протестираа бидејќи им доцнеа платите и беа незадоволни од целокупната состојба во Пошти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img