More

    Ова е симболиката на фустанот што го носеше принцезата

    spot_img

    Принцезата од Велс Кејт Мидлтон во неделата присуствуваше на финалето на Вимблдон, каде беше пречекана со долготраен аплауз и овации. Кејт се појави во виолетов фустан, а изборот на облека носел и скриени пораки.

    Земајќи го предвид повеќемесечното отсуство откако откри дека боледува од рак, јавноста беше особено заинтересирана за нејзината здравствена состојба.

    Таа претходно се појави на церемонијата на „Trooping the Color“, па најавата дека ќе биде на Вимблдон предизвика воодушевување.

    Принцезата се појави во виолетов фустан од „Safiyaa“, а ова елегантно парче облека носеше и скриена порака.

    Бетан Холт, модна директорка во „Дејли телеграф“ откри за „Пипл“ што може да значи сето тоа.

     

    Виолетовата боја е една од официјалните бои на клубот Ол Инглад, чиј покровител е Кејт, а исто така е и бојата што кралицата Елизабета често ја носеше кога присуствуваше на тениски турнири. Историски гледано, виолетовата боја се поврзува со кралското семејство, а Холт додава дека тоа може да биде значајно за здравјето на Кејт во овој момент.

    „Тоа е, исто така, боја на храброста, што може да биде знак за она низ што таа поминува. Мислам дека изгледаше блескаво и беше одлично да се види како изгледа толку опуштено. Сигурна сум дека многу луѓе ќе видат колку таа изгледаше среќна и се уверија во тоа, таа навистина е еден вид светилник на надеж за многумина, но тоа доаѓа и со голем притисок“, вели Холт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img