Српската поп пејачка Јелена Карлеуша со својата нова песна „Луцифер“ успеа да го полуди светот на начин што ретко кој друг уметник може да го направи. На социјалните мрежи се појавија снимки од луѓе од целиот свет кои танцуваат во овој хит, а пејачката дури ја покажа и кореографијата додека беше во базен. Реакциите на обожавателите беа повеќе од позитивни, што резултираше со различни верзии на оваа кореографија низ светот.
Видеа од луѓе кои танцуваат на „Луцифер“ пристигнуваат од целиот свет, а она што е интересно е што ги снимиле и мажи и жени од сите возрасти. Ова лудило не ја заобиколи ниту Србија, каде младите масовно споделуваат различни верзии на песната на социјалните мрежи. Феноменот „Луцифер“ се прошири на различни локации како компании, спортски сали, лифтови, автобуси, што покажува колку оваа песна стана популарна.
Пејачката е воодушевена од тоа како изгледаат различните верзии на кореографијата со „Луцифер“, а дел од тие кадри објави и на својот инстаграм-профил. Нејзиниот ентузијазам и поддршката од обожавателите само дополнително придонесоа за ширење на овој нов интернет-феномен.