More

    Скопјани осомничени за неколку кривични дела

    spot_img

    СВР Скопје поднесе три кривични пријави против М.С.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „предизвикување на општа опасност“, против Д.Т.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „поттикнување“ и две кривични дела „помагање“ и против Б.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „соизвршителство“, во врска со кривичните дела „предизвикување на општа опасност“.

    На 29.11.2023 во Скопје, пријавените истуриле бензин на паркирано патничко возило „алфа ромео“, а додека возилото горело снимале со мобилен телефон. На 13.11.2023 во Скопје, второпријавениот му дал пиштол „застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, со кој испукал пет куршуми кон влезната врата од станот на И.О.

    Истото го повториле и на 28.11.2023 на бул. „АСНОМ“ во Скопје, кога второпријавениот му го дал пиштолот „Застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, од кој испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило „форд“ сопственост на Б.К., оштетувајќи го возилото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img