More

    Сателитските снимки открија мистериозни објекти кај претседателската резиденција Валдаи

    spot_img

    Во тек е потера по напаѓачот кој синоќа 55 минути по полноќ го уби полицаецот Никола Крсмановиќ и тешко го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ. Исто така полицијата на Република Српска ги засили безбедносните мерки во граничниот појас кон Србија по престрелката.

    Инцидентот се случил во близина полициската станица во градот Липнички Шор, кај Лозница, кога двајца гранични полицајци при рутинска контрола запреле возило со тутински регистарски таблички чии сопатници, двајца мажи, биле сомнителни. Се било во ред додека полицајците не побарале од едно од лицата да ја отвори торбата, при што тој извадил пиштол и пукал кон полицајците.

    Полицаецот Никола Ксмановиќ бил застрелан во градниот кош и од здобиените повреди починал во болница, а неговиот колега Вјекослав Илиќ бил тешко ранет и бил примен во Општата болница во Лозница.

    Очевидците за српските медиуми опишале како изгледало злосторството и дека таксистот кој го превезувал убиецот ја чекал полицијата да дојде.

    – Слушнав седум до девет истрели… Го возел таксист со регистерски таблички од Тутин. Него го однеде полицијата, однесен е и автомобилот. Таксистот остана да ја чека полиција. Му пришол на убиениот и го провери додека лежеше на земја – рекоа тие.

    На местото на настанот се пронајдени документи на име на Артан Хајризи и постои сомневање дека тој е лицето кое пукало во полицајците.

    Се претпоставува дека Хајризи, Албанец од Косово, се обидел илегално да ја помине границата и не се знае дали успеал да ја помине Дрина. Поради престрелката во која загина еден српски полицаец, зголемени се безбедносните мерки и во Шемберија во Република Српска.

    – Полицајците се вооружени и се во процес на проверка на зградите покрај Дрина каде што е можно да се сокрие осомничениот, иако засега нема информации дека ја преминал границата – изјави извор од Република Српска за порталот Нова.рс.

    Албанските медиуми велат дека убиецот е бегалецот Фатон Хајризи

    Албанските медиуми објавија нова информација за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ во Лозница, тврдејќи дека тој бил застрелан од затворскиот бегалец Фатон Хајризи.

    Според нивните изјави, Фајтон Хајризи го користел пасошот на сопствениот брат Артан, издаден од косовските власти, за да се обиде да избега.

    – Лицето кое пукаше во правец на српската полиција е Фатон Хајризи. По бегството од затвор ги искористил документите на неговиот брат за да избега од Косово. Се сомнева дека целиот настан започнал откако Фатон Хајризи одбил да биде идентификуван пред српската полиција предизвикала прво вербален, а потоа и физички конфликт – велат медиумите.

    За потсетување, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на лице место е пронајден пасош издаден од косовските власти на име на Артан Хајризи.

    – Најверојатно поради тоа што е пронајден пасош на име на Артан дека прво се верувало дека тој е убиецот. Истрагата сѐ уште е во тек и се чека официјално соопштение кој од браќата всушност пукал во полицајците – пишуваат албанските медиуми.

    Таткото откри кој пукал во српските полицајци и како пасошот на еден од браќата предизвикал хаос

    – Фатон го украл пасошот на брат му – изјави таткото на Фатон и Артан Хајризи, Мустафа Хајризи, кој се бара за убиство на српски полицаец во Лозница и ранување на друг.

    Тој за албанските медиуми изјави дека Артан Хајризи не е на Косово, туку во Германија. Тој рече дека Фатон му го одзел пасошот на Артан кој бил пронајден во Лозница на местото на убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ.

    – Фатон ги вршеше тие работи, отиде во Германија кај брат му и му го украде пасошот – изјави првично таткото.

    Понатаму тој додал дека неговиот син Артан работи во Германија.

    – Артан работи во Германија осум години. Разговаравме со него – рече тој.

    Го прашале и дали знае со кого бил Фатон Хајризи во автомобилот, на што тој одговорил:

    – Не, не, не знам – рече тој.

    За потсетување, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на лице место е пронајден пасош издаден од косовските власти на име на Артан Хајризи.

    Кој е Фатон Хајризи – убиец на руски војник од КФОР, дури девет пати бегал од затвор

    Фатон Хајризи беше осуден за убиство на руски војник, припадник на КФОР, пред две децении во близина на Дреница. Дури девет пати бегал од затвор, а се огласи на социјалните мрежи по последното бегство.

    – Јас сум Фатон Хајризи, кој се приклучи на ОВК и отиде во војна како 14-годишен. Јас сум Фатон Хајризи кој делуваше на север во 2006-2007 година за доброто на оваа држава. Не е нормално, 23 години ме држеа во затвор, денес имам 40 години – се пожали на ТикТок.

    За првото бегство од затвор рече дека го користел прозорецот од бањата во затворот во Митровица. Хајризи потоа беше уапсен од војниците на КФОР. Како што покажа, по вторпат побегнал од затворот во Приштина, а еднаш побегнал и од воената база во 2012 година, бегајќи од затворот во Призрен и ја преминал оградата.

    По полициска акција, тој беше уапсен во јули 2007 година, заедно со уште шест затвореници, осудени за тешки кривични дела. Откако ја поминале затворската ограда, седумтемина затвореници ги пресретнале други лица, кои почнале да пукаат кон затворските чувари.

    По истрагата, уапсени се дел од вработените во затворот Дубрава и некои други лица кои беа осомничени дека помагале во бегството.

    Неколку месеци по бегството, во септември 2007 година, во Глоговац имало вооружен грабеж, каде четири вооружени и маскирани лица ограбиле златара и застрелале двајца полицајци и сопственикот на продавницата додека бегале. Вредноста на украденото злато била околу 63 илјади евра.

    Во продолжение на потрагата по бандити, во село Брузник-Вучитрн, полициската патрола се обидела да го запре сомнителниот автомобил. Осомничените од тој автомобил пукале кон полицијата и со огнено оружје раниле двајца полицајци и успеале да избегаат пеш.

    Се сомничи дека истите лица го извршиле грабежот и ранувањето во Глоговац. Фатон Хајризи и Бурим Баша беа уапсени во октомври 2007 година во куќа во населбата Сунчани брег во Приштина. За време на рацијата биле пронајдени неколку оружја.

    Дачиќ: Убиството на полицаецот е терористички напад од албански структури од Косово

    Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го оквалификува убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец синоќа во Лозница како – терористички напад на албански структури од Косово.

    Дачиќ за РТС изјави дека се утврдува дали напаѓачот е човекот чија лична карта и пасош биле пронајдени во автомобилот или е неговиот брат кој избегал од затвор во Косово на 6 јули.

    – Тој ги уби полицајците, го изврши овој очигледен терористички чин кој доаѓа од Косово и Метохија од страна на албанските структури. Ова не може да биде случајност и затоа Обвинителството за организиран криминал ќе се занимава со овој случај, бидејќи станува збор за напад на полицаец на должност – рече Дачиќ.

    Курти: Убиството на српски полицаец во Лозница да не се политизира

    Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција во врска со убиството на српски полицаец, за кое е осомничен косовски Албанец, изјави дека ги има само информациите што беа објавени во медиумите.

    – Изворот на информацијата е Србија, нашите надлежни органи ќе ја информираат јавноста за моменталната состојба – рече Курти одговарајќи на новинарско прашање во врска со информацијата дека пасошот на осомничениот за нападот врз полицајците е издаден во Косово и пронајден на местото на убиството, јавија косовските медиуми.

    Курти посочи дека „оваа работа не треба да се политизира“, туку треба да се третира од безбедносен, правен и професионален аспект.

    Тој изјави и дека косовските безбедносни власти собираат информации за случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img