Грција во текот на летните месеци ќе им наплати „кризен“ данок на производителите на електрична енергија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Грција во текот на летните месеци ќе им наплати „кризен“ данок на производителите на електрична енергија, а парите од тоа ќе ги користи за субвенционирање на сметките за домаќинствата за да им помогне со високите трошоци за живот.

Ова во изјава за грчката телевизија Скај го кажа тамошниот премиер Киријакос Мицотакис.

-Цените на струјата на големо пораснаа во последните недели поради нарушувањата на европскиот пазар на електрична енергија и Грција мора да преземе нешто додека Европската унија не најде решение за проблемот. Владата затоа одлучи да воведе еднократен данок за производителите на електрична енергија кои користат гас и ги користат приходите за намалување на сметките за струја во август  – рече Мицотакис.

Компаниите, како што е најавено,  ќе плаќаат кризен данок два месеца, а владата првично ќе ги субвенционира сметките само за август.

Во јуни, Грција воведе вонреден данок од 33% за рафинериите за „многу висока заработка“ во 2023 година, што е резултат на значителни промени на меѓународниот пазар на нафта.

Share This Article