Пејачката Адел сака голема пауза: „Воопшто не пеам дома, колку е тоа чудно“

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
LOS ANGELES, CALIFORNIA - FEBRUARY 05: Adele poses with the Best Pop Solo Performance Award for "Easy on Me" in the press room during the 65th GRAMMY Awards at Crypto.com Arena on February 05, 2023 in Los Angeles, California. Alberto E. Rodriguez/Getty Images for The Recording Academy/AFP (Photo by Alberto E. Rodriguez / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP)
- Advertisement -
Ad image

Пејачката Адел се повлекува на одредено време од јавноста по завршувањето на музичкото шоу „Викендови со Адел“ во Лас Вегас во ноември оваа година.Воопшто немам никакви планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF.

„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?“, изјави пејачката.

Инаку, Адел ја започна својата емисија „Викендови со Адел“ во Вегас, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а нејзиниот последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

Адел искрено зборуваше за своето искуство со славата, признавајќи дека и недостига анонимниот живот што го живеела пред да стане позната.

„Не ми се допаѓа да бидам познат. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостига животот пред славата“, рече таа.

Да потсетиме, Адел во февруари мораше да одложи десет концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

Share This Article