More

    Се разгоре и кај Калањево, жител на Сирково се здобил со изгореници

    spot_img

    Огнените јазици одат во атарот на штипското село Пиперово на планината Серта, вели за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и додава дека ова е ново жариште и линијатата на огнот на оваа планина се зголемува.

    Јорданов посочува дека попладнево пожарникарите и вработените во останатите институции кои се анагажирани во гаснењето на пожарот се во тој дел на планината.

    Тој најави дека и вечерва ќе биде свикан кризниот штаб и мобилизација на луѓе и машини кои ќе го спречат огнот да влезе во селото Пиперово.

    Утринава во штипскиот дел се гасеше и од воздух. Но, македонските и турските ер трактори, како и хрватскиот канадер заминаа на други пожари во земјава.

    Жител на Сирково се здобил со изгореници на рацете и на едната нога

    Исто така, повреден бил жител на росоманското село Сирково, при гаснење на пожар. Тој се здобил со изгореници на рацете и едната нога, информираше попладнево Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

    – Лицето се здобило со изгореници на лице и рака на десната страна. Препратено е на клиниката за пластична хирургија во Скопје – за МИА потврди доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци.

    Пожарот кај Сирково избувна во текот на денешниот ден.

    Во Калањево пак гори, жителите предупредени да не одат во селото

    Неготинско Калањево е повторно под опасност од пожарот, се бара дополнителна поддршка од воздух.  Васе Јованов – Ладна, претседател на месната заедница на село Тремник, кој неколку дена заедно со ловците од ловно друштво Неготино, го гаснат пожарот, за МИА рече дека итно им треба дополнителна помош од воздух.

    Дека се загрозени викендичките во селото, за МИА потврди и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој исто така нагласи дека освен од земја, гаснењето треба да има и дополнителна поддршка од воздух.

    Прашавме дали се евакуирани луѓето од селото, бидејќи уште пред неколку дена беше упатен апел за нивна евакуација.

    – Во селото не треба да има луѓе од безбедносни причини поради пожарот. Но, некои  самоиницијативно одат – одговори Стојанов.

    Во Шивец веќе нема опасност, но се разгоре пожар спроти селото

    Селото Шивец е одбрането од пожарот, огнот сега е спроти селото, но не го загрозува, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, попладнево во видеоизјава.

    – Опасноста по селото е намалена, мислам дека веќе има делумна контрола, најверојатно за кратко ќе биде воспоставена целосна контрола, благодарение на храброто локално население кое се искачи горе на ридот со лопати, а повеќето од нив со гранки, успеаја да ги совладаат пламените јазици, изјави Ангелов.

    За жал, рече тој, пожарот продолжува да гори од задната страна.

    -Ова ќе биде пожар што ќе биде многу тешко да се изгасне. Но, најважно од се е дека селото е безбедно и немаме загрозени човечки животи. Опасност за селото веќе нема, подвлече Ангелов.

    100 припадници на Вториот Пешадиски Баталјон се вклучени кај Серта

    И денеска интензивно се одвиваат активности за гаснење на големиот пожар на планината Серта од неготинска страна, информираше градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, на неговата Фејсбук страница.

    – До моментот на објавување на ова известување само за кратко се интервенираше од воздух со два хеликоптер, додека изостана вклучувањето во гаснењето на пожарот од други воздухоплови како што се ер трактори и авиони за гаснење пожари. Во најголем дел гаснењето се одвива од земја со механизација и човечки ресурси со вклучување на војници, полиција, пожарникари, ловџии и други доброволци, соопшти тој.

    Во текот на денешниот ден во координација со сите надлежни субјекти кои учествуваат во гасењето на пожарите, Армијата со повеќе од 100 директно ангажирани припадници од 2. Пешадиски баталјон учествуваше во гасење на пожарите на неколку локации во поширокиот реон на Серта.

    фото:  МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img