More

    Трамп му открил на Р. Кенеди Џуниор за што муабетеле со Бајден?

    spot_img

    Синот на независниот претседателски кандидат на САД, Роберт Ф.Кенеди Џуниор, кој инаку е внук на познатиот Џон Ф. Кенеди, на Икс објави снимка од разговор меѓу неговиот татко и Доналд Трамп во која Трамп открива за што муабетеле со претседателот Џо Бајден брзо откако се случи атентатот кој во саботата му го раскрвави увото на Трамп во Пенсилванија.

    На снимката која се шири по социјалните мрежи може да се слушне како Трамп му вели на Роберт Ф. Кенеди Џуниор дека Бајден бил „многу мил“ со него по пукањето и го прашал како се чувствувал по истрелот во увото.

    Трамп му вели на Кенеди Џуниор:

    – Тоа е многу интересно. Тој беше многу фин, всушност, ми се јави и ми рече „Зошто избра да се свртиш надесно?!“ затоа што гледав директно, нели?

    Трамп продолжува:

    – Му реков (на Бајден) „па, само покажував графикон“, но не морав да му кажам дека тоа е табела за сите луѓе што се слеваат во нашата земја. Само ја свртев главата за да ја покажам табелата. И (истрелот) ме потресе. Тоа беше како најголемиот комарец на светот, а беше куршум што прелета. Рекоа дека тоа било пушка АР-15 или нешто слично. Тоа се прилично јаки пушки, не?

    Њузвик пишува дека според објавите на Икс Трамп и Кенеди се чуле за да зборуваат за ставот на Трамп за вакцините за деца. Сепак, на снимката се откриваат и други детали. „Њујорк Тајмс“, пак, напиша дека во протечениот разговор Трамп се обидел да го убеди Кенеди да се откаже од претседателската трка, а да го поддржи него.

    Синот на Р.Ф. Кенеди Џуниор брзо го избриша видеото откако беше објавено, но не пред да биде споделено неколку илјади пати.

     

    Набргу по објавувањето на информациите, неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди Џуниор издаде изјава во која му се извини на Трамп, велејќи:

    „Кога претседателот Трамп ми се јави, снимав со видеограф од дома. Требаше да му наредам на видеографот веднаш да престане да снима. Му се извинувам на претседателот дека ова беше објавено“.

    По атентатот врз Трамп, Бајден ѝ нареди на Тајната служба на САД да му понуди посилна заштита на Кенеди. Претходно, Кенеди користеше приватно обезбедување за неговата кампања.

    Трамп се согласи со продолжувањето на безбедноста на Truth Social, велејќи: „Со оглед на историјата на семејството Кенеди, ова е очигледно вистинската работа што треба да се направи!“

    Според Њузвик, документ од 800 страници покажува дека против Роберт Ф. Кенеди Џуниор имало 34 закани и разни бизарни озборувања.

    Би-Би-Си пишува дека Џо Бајден денеска го обнови повикот до американскиот Конгрес за да го забрани легалното поседување пушки, вклучително и моделот што беше користен во неуспешниот обид за атентат врз Доналд Трамп.

    – Во пукањето кон Доналд Трамп беше користена (пушка) АР-15. Ова беше оружјето што уби многумина други, вклучително и деца. Време е да ги направиме овие оружја нелегални – рече Бајден пред публиката на конвенција во Лас Вегас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img