Полицијата во Пула ја заврши кривичната истрага против 19-годишен украински државјанин осомничен за сторени кривични дела неовластено снимање и повреда на интегритетот на дом и деловен простор, пишува хрватски Индекс.
Полициските службеници утврдиле дека на 14 јули, околу 17 часот, млад човек преку прозорец на туристички објект во Пула фотографирал 31-годишна државјанка на Македонија.
Жената му го зела мобилниот телефон, поради што 19-годишникот влегол низ прозорецот и ја замолил да му го врати, што таа го направила откако тој ги избришал фотографиите што ги направил.
Кривичната пријава против осомничениот е поднесена до надлежниот државен правобранител.