More

    ВУЧИЌ И ШОЛЦ ЌЕ МУАБЕТАТ TET-A-TET ЗА ЛИТИУМОТ

    spot_img

    Во обраќањето на јавноста на српскиот претседател од Лондон каде ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница, кажа дека ќе има неколку важни билатерални средби „со францускиот претседател Емануел Макрон, холандскиот премиер Дик Шуф, Швајцарците, некои од регионот“, како и дека во петок во Белград ќе има долг разговор со Олаф Шолц на сите теми и ќе потпише меморандум за минерални суровини, јави дописникот на МИА од Белград.

    – Ќе имаме средба во четири очи, ќе разговараме за европскиот пат на Србија, за сите наши политички односи, за Косово и Метохија, за ситуацијата во регионот, но и за развојот на нашата економија и преку Агендата за раст и планот за реформи и приклучување кон единствениот европски пазар. Во исто време ќе разговараме за тоа што е тема на денот. Со него ќе дојде и потпретседателот на Европската комисија, Маро Шевчовиќ, како и претседателот на Европската банка за обнова и развој, преставник на Италијанската развојна банка, како и првиот човек на Mercedes-Benz. Ќе следи и потпишување на Меморандумот за разбирање за минералните суровини – рече Вучиќ.

    Тој посочи дека ќе биде потпишана „една општа, генерална рамка, што ќе го потпише Министерството за рударство и енергетика заедно со Европската унија, односно со Марош Шевчовиќ“.

    Вучиќ потенцираше дека за Србија е важно сите тие институции, заедно со претставниците на српската влада, да потпишат заедничка желба за севкупен синџир на вредности што треба да се формира во Србија.

    – Значи, од литиум, литиумски батерии, привлекување дополнителни инвеститори, до електрични автомобили каде што очекуваме нивна помош за производството да дојде во Србија, што би значело огромен скок, квантен скок напред за Србија. Многу повеќе пари, многу повеќе богатство за нашето граѓани и верувам дека сега ќе успееме – рече Вучиќ.

    Тој потврди дека тоа не значи, како што се шпекулира, дека се потпишува „ископување“ на литиум.

    – Сега не се потпишува ископување, она што требаше да се потпише, веќе е потпишано во 2001 и 2004 и 2006 година и во февруари 2012 година пред да ја изгубите власта. Сега разговараме како Србија да ја направиме исклучително место за живеење многу побрзо отколку што инаку би било можно, како да постигнеме предност пред сите други и да се грижиме за тоа, тоа е она што е важно – нагласи Вучиќ.

    Тој изјави дека на партнерите од Запад им рекол дека „мал дел од суровините може да се извезува, а се друго, односно батерии, мора да увезуваат од Србија“.

    Тој додаде дека веќе имал разговори со францускиот АС.

    – Ги сакате Корејците, сакате Кинези, кој сакате пратете ги во Србија, но батериите мора да се произведуваат во Србија за најмалку 85, 86, 87 или 88 отсто од суровината, па да можете да ја извезете таа батерија, па кога ние имаме батерија тогаш тоа е повеќе од 55 проценти од вредноста на произведениот автомобил, тогаш сите ќе сакаат да дојдат во Србија да произведуваат автомобили, бидејќи тогаш нема дополнителна царина и ПЕМ конвенција за извоз во Пазарот на ЕУ.Тоа е една голема движечка сила за развој и напредок – нагласи Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img