More

    Бизнисот очекува брзо регулирање на батериското чување на струја

    spot_img

    Во време кога енергетската одржливост игра се поголема улога, настанот „Соларна енергија за бизниси“ предизвика огромен интерес и обедини над 70 претпријатија од различни сектори, и тоа од преработувачката индустрија, услужни дејности, до компании од енергетска дејност. Настанот овозможи стручна презентација за  инсталација на соларни и батериски системи, презентации на Фероинвест и Батери Еволушн кои нудат целосни услуги за овие два система, како и презентација на кредитната линија на Европската инвестициска банка (EIB7) за финансирање на вакви проекти.

    Настанот, чиј домаќин беше Стопанската комора, во имплементација на одговорниот консултантски тим (adelphi, IPC и iC consulenten) и поддржан од кредитната линија EIB7, имаше за цел да ги поттикне локалните бизниси да се пренасочат кон обновливи извори на енергија и да го намалат нивниот јаглероден отпечаток. Учесниците се запознаа со најсовремените фотоволтаични и батериски технологии на македонскиот пазар, и разменија искуства со експертите за соларна енергија од локалните производители.

    Фероинвест, како водечки производител во Македонија, презентираше соларни решенија дизајнирани за специфичните енергетски потреби и оперативни барања на компаниите, додека компанијата Батери Еволушн се фокусираше на системи за складирање енергија, кои стануваат сè поважни за локалните бизниси.

    Воедно, учесниците имаа можност да добијат одговори на важни прашања: „Како да се избегнат типични грешки и ризици при инсталирање соларни системи и фотоволтаици“, „Кој е вистинскиот систем за складирање енергија за веќе постоечки соларен систем?“, и „Како да се аплицира за финансирање од Европската Инвестициска Банка (EIB7)?“.

    Кредитната линија EIB7, имплементирана во соработка со Развојна Банка и локалните комерцијални банки, е наменета за подобрувања на енергетската ефикасност и проекти за обновлива енергија за микро, мали и средно-капитализирани компании и нуди атрактивни услови за финансирање како што се повластени каматни стапки, опција за грејс период и долги рокови за исплата. Заинтересираните инвеститори можат да аплицираат за EIB7 во една од петте партнерски банки: Комерцијална банка, НЛБ банка, ПроКредит банка, Стопанска банка и Шпаркасе банка.

    Кредитната линија EIB7 изнесува 100 милиони евра, има за цел да влијае на намалување на јаглеродниот отпечаток и да овозможат раст на малите бизниси кои ќе бидат отпорни на климатските промени.

    Претседателот на Групацијата за обновливи извори на енергија при СКСМ, Тодор Анѓушев на отворањето на настанот истакна задоволство што бројот на членки во Групацијата секојдневно се зголемува. Тој ги поздрави инвестициите во сите видови на обновливи извори на енергија кои се градат со јасен план, како еден начин за зголемување на домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност на земјата.

    -Растот на изградба на фотоволтаици, носи зголемено производство на електрична енергија, но и предизвик за дебаланс на енергетскиот систем и големи разлики на цени во различно периоди од денот. Токму затоа, сега е време да зборуваме за изградба и инсталирање на батериски системи за складирање на енергија, кои ќе донесат сигурност на инвеститорите, како и постабилни и пониски цени на електрична енергија во текот на денот за индустријата, но и за домаќинствата во иднина. Се надеваме дека институциите брзо ќе постапуваат и за кратко време ќе се регулираат сите аспекти за воведување на батериско складирање на електрична енергија и со поголем капацитет во интерес на целото општество и електро-енергетскиот систем – нагласи Тодор Анѓушев.

    Александро Василевски од Батери Еволушн изјави:

    -Нашата долгорочна определба е да ја зголемиме одговорноста кон животната средина, преку обезбедување на иновативни решенија за батерии и системи за складирање на енергија. Северна Македонија е сончева земја со просечно 300 сончеви денови годишно и сакаме да им помогнеме на бизнисите да постигнат целосна енергетска независност, истовремено намалувајќи го нивниот јаглероден отпечаток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img