Британскиот крал, Чарлс Трети, најавувајќи ги плановите на новата лабуристичка влада, најави обнови на односите со Европска Унија по Брегзит.
– Мојата влада ќе се обиде да ги обнови односите со европските партнери и ќе работи на подобрување на трговскиот и на инвестицискиот однос на Велика Британија со ЕУ – посочи кралот Чарлс Трети.Тој исто така најави дека ќе се формираат нови вооружени гранични безбедносни сили со контратерористички овластувања за да се спречи организираниот имиграциски криминал.
– Ќе биде воведен предлог-закон за формирање на нова команда за гранична безбедност и обезбедување на зголемени овластувања за борба против тероризмот за справување со организираниот имиграциски криминал – посочи кралот Чарлс Трети.