More

    Нова заплена на девизи на Табановце

    spot_img

    Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок, информираат од Царина.

    „Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите“, пишува во соопштението од Царина.

    Оттаму додаваат дека согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени.

    „Ова е втор случај во два дена на заплена на девизи. Апелираме до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата“, информираат од Царинската управа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img